– Согласно Договорот за концесија на македонскиот аеродромски систем, концесионерот на аеродромите има обврска да ги задржи постојните вработени во период од најмалку 7 години. Во овој период, надоместокот за работа, односно платата која концесионерот ја исплаќа на вработените треба да биде во висина не пониска од висината на платата во моментот на превземањето, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Синдикатот на вработените на аеродромите, според информациите кои ги пренесоа дел од националните медиуми, е изненаден од постапката на новиот инвеститор затоа што не бил информиран за изготвувањето на понудите, кои вчера им беа врачени на вработените. Тие имаат рок од 15 дена да се изјаснат дали ги прифаќаат понудите.