Премиерот Груески се обиде да ги смири македонските граѓани- нема да се намалуваат платите и пензиите.

” Мерките кои до сега ги превзедовме како Влада ги дадоа своите резултати, и затоа не предвидуваме намалување на платите и пензиите, ниту пак зголемување на  даноците. Валутата ќе си остане стабилна,”  вели Груески.

Како што потенцира Премиерот, Македонија релативно добро се снаоѓа во ова време на економска криза и успева да ги држи работите на едно ниво кое што е далеку подобро од она што се случи во најголем  дел од државите во Европа.

Следува ребаланс но, тоа нема да има негативно влијание врз платите и пензиите,  посочи Груевски.

Ohridnews