Претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Мишел Платини в петок на 22 март во употреба ќе го пушти новиот комплекс на Фудбалската федерација на Македонија.

ФФМ во новиот комплекс инвестираше повеќе од четири милиони евра, а изградабата траеше 15 месеци. Во склоп на комплексот ФФМ ќе поседува и стадион, кој има капацитет од 3000 седишта.

Претседателот на УЕФА, Платини покрај отварањето на комплексот, ќе присуствува на натпреварот Македонија – Белгија од квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година.

Мх.П.
фото “Екипа.мк“