Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, кој беше уапсен вчера во Нантери, Франција, е ослободен, објави АФП.

  • Платини е ослободен од притвор. Се крена голема врева без потреба. Јас и мојот штитеник сме мирни и сигурни во крајниот резултат на истрагата. –  изјави адвокатот Вилијам Бурдон.

Тој додаде дека Платини бил уапсен за инволвираните лица да не може да се договорат.

Платини, наводно, дал изјава за изборот на местото на одржување на Европското фудбалско првенство 2016 година. Таа година првенството се одржа во Франција.

Во 2016 година поранешниот фудбалски официјален претставник добил суспензија да се занимава со работи во врска со фудбалот бидејќи било утврдено дека примил мито од тогашниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер, во износ од два милиона швајцарски франци.

OhridNews