На Конгресот на УЕФА што се одржува во Тел Авив, Израел aктуелниот претседател на УЕФА, Мишел Платини објави кандидатура за уште еден мандат. Изборниот конгрес е закажан за во Март 2011г. во Париз.


Конгресот го поздравија претседателот на Израел, Шимон Перез и претседателот на ФИФА, Сеп Блатер.

Македонската делегација оствари бројни средби со делегациите од останатите земји и доби дополнителна подршка од структурите на УЕФА за бројните активности во македонскиот фудбал како и честитки за стартот на изградбата на новиот тренинг центар.

Извор “ФФМ“