Активистите за демократија во Азербејџан во четвртокот платиле казна од 8000 долари со 400 килограми ситни метални пари кои ги собрале со помош на своите симпатизери. Како што пренеле агенциите, со овј ироничен гест сакале да укажат на своето противење на режимот на претседателот Илхам Алијев, кој го обвинуваат за гушење на слободата на говорот и апсење на политичките противници.
Активистите казната, која им била изречена поради присуство на протестот против зачестените смртни случаи во војската во Азербејџан, одржан на 12 јануари, ја платиле со повеќе од 85 илјади монети. Нармин Рагимова, еден од организаторите на акцијата за собирање на парите, рекла дека со кампањата сакале да покажат друштвена солидарност, во што успеале.