Сопствениците на два суши-барови платиле повеќе од 100.000 долари за примерок од јапонска туна со сини перки, на аукцијата за риби во Токио, што е 10 пати повисока цена од просечната.
Туната тешка 128 килограми била уловена северно од пристаништето Ома и продадена за 104.700 долари, што е највисока цена за тој вид на риба од 2001 година.
Претходниот рекорд изнесувше 173.000 долари.
Астрономската цена од 817 долари за килограм ја платиле сопствениците од два суши-барови од Хонг Конг и Токио, кои се договориле да ја поделат рибата.
Просечната цена за туна на токискиот рибен пазар изнесува 55 долари за килограм, но, според мислењето на гурманите, највкусна е онаа со сини перки.