Еден мажјак од расата Тибетски Мастиф станал најскапото куче на светот откако една кинеска милионерка позната само под името Ванг го купила за 400 илјади евра. Таа се вратила дома со новиот љубимец со приватен авион, каде ги дочекале 30 црни лимузини. Рекла дека нејзинот нов љубимец е со непроценлива вредност и дека златото има цена, а нејзиното ново куче нема. Таа веќе има еден мастиф од истата раса, а долго време трагала за оригинален примерок од оваа раса.


Затоа со својот пријател отпатувала за Тибет. Наишле на кучето и одлучиле да го купат без оглед на цената. Оваа раса е многу стара, а номадите во Средна Азија и Индија одсекогаш го користеле за чување на стадата. Поради големината и силата може да им се спротистави на волци, па дури и на леопарди. Интелегентни се и тврдоглави и затоа треба внимателно да се дресираат.