Германка успеала да „пазари“ со непостоечка банкнота од 1000 евра. Таа успеала со фалсификуваната „илјадарка“ да плати сметка за парфеми и гел за туширање во износ од 200 евра и згора на тоа добила и кусур.

Несфатливо е како продавачката не забележала ништо невообичаено бидејќи плаќањето било извршено со банкнота која, не само што никогаш не е пуштена во оптек, туку е со слики на голи жени.

Итрата муштеривка пред да замине во непознат правец, на касиерката и подарила кутија со чоколадни бонбони за да и заблагодари за „љубезноста“.

Инаку најголемата банкнота во евра е со номинална вредност од 500 евра.

ohridnews