На една невработена Американка толку и е потребна работа што не жалела средства и поставила оглас на билборд на автопат во Конектикат. На билбордот се наоѓаат нејзина фотографија и порака ВРАБОТЕТЕ МЕ, како и нејзината имеил адреса. Оваа самохрана мајка стара 37 години била отпуштена минатата година. Иако пробала на многу начини сепак не успеала да најде работа во својата област, односно маркетинг и промоција.


Идејата ја добила од еден сонародник од Милвоки кој претходно го направил истото. Вели дека огласот го платила со пари кои ги штедела за купување куќа. Сумата која ја платила не ја открива, но на официјалната страна на компанијата која изнајмува билборди стои дека месечен оглас чини 7000 долари.