Понудата била ставена на онлајн аукција за собирање средства за една организација која се занимава со човекови права. Кафе со извршниот директор на Ејпл, Тим Кук, ќе се напие лицето со псевдоним “rory.oneill3” кое во средата понудила нешто помалку од 73 илјади долари за таа привилегија. Таа ќе има можност да мине 30 минути до еден час разговарајќи со наследникот на Стив Џобс во седиштето на компанијата во Капертин, Калифорнија.
Со себе ќе може да поведе најмногу уште две лица. Ова е прв пат Кук, кој од смртта на харизматичниот Џобс се обидува да изгради сопствен имиџ, да учествува во годишната акција за собирање средства во корист на Центарот за човекови права Роберт Ф. Кенеди.