Полин Батерсби од Австралија платила 4000 евра за да ги собере најдобрите хирурзи да и го отстранат туморот од главата на нејзината мачка. Вели дека знае оти некои луѓе ќе ја сметаат за луда, но за неа мачката е исто како дете. Верува дема милениците се дел од семејството и спрема нив треба и токму така да се однесувате, односно како да се рамноправен член од истото.


Екипа на ветеринари, хирурзи и анестезиолози од универзитетот во Сиднеј го отстраниле туморот со големина на орев. По три седмици мачката се чувствува добро и се вратила кај сопственичката која била пресреќна.