Стефани од Австрија платила дури 22 илјади евра за мачка. Девојката на интернет пронашла страница на која нуделе вдомување на мачка од Камерун. Мачката ја нуделе бесплатно, па Стефани веднаш испратила порака. Наскоро одбила одговор во кој пишувало дека мора во Африка да испрати сто евра за да биде мачката префрлена во Европа.


После тоа добила уште неколку писма и на крајот вкупно уплатила 22 илјади евра. Мачката воопшто не ја добила. Полицијата го истражува случајот. Исто така имало и еден сличен случај во кој Кармен Пеитлер, исто така од Австрија, платила осум илјади евра за мајмун од Африка кој исто така никогаш не го добила.