Американецот Вилбур Ајхман (66) е обвинет за планирање напад врз својот зет. Му платил на Чарлс Перонт (34) да го претепа поранешниот сопруг на неговата 44 годишна ќерка. За првиот напад му дал 1000 евра. Меѓутоа, подоцна му понудил на напаѓачот бонус ако го убие и му ги донесе гениталиите.
За среќа, планот пропаднал. Пернот играл двојна игра и ги искористил двете страни. Со својот мобилен телефон го снимал разговорот со деталите за нападот и го продал на жртвата за 500 евра, а тој за се ја известил полицијата. Не се знае што зетот толку погрешил.