Вработените во авто салон во предградие на Шпингелд (Синсинати) велат дека 70 годишниот Џонс извадил 16 лимени кутии полни со монети за да купи нов Шевролет пикап.
„Колегите ми помогнаа да ги пребројам парите. Ни беа потребни 90 минути“ – рекол продавачот.
Синот на Џонс, Денис, рекол дека неговиот татко отсекогаш преферирал монети.. Но најмногу го изненадило што одлучил да го замени стариот пикап од 1981 година за кој бил врзан иако минатата година му откажале кочниците а, поради тоа завршил во болница.