Еден жител на Саудиска Арабија без размислување потрошил повеќе од 100 илјади евра за едно шише шампањ во ноќен клуб во Дубаи. Саудиецот кој ноќта ја минал со околу дваесет пријатели во ексклузивниот клуб „Кавали“ нарачал шише шампањ „Луи Редердер Кристал“ од 1990 година, кое чинело точно 102 илјади евра.

Според зборовите на директорот на ноќниот клуб, Давид Лескаре, во ноќните клубови постојат уште само две шишиња од овој шампањ, од кои едното се наоѓало во Лондон, а едното во Њујорк. Според зборовите на директорот, саудиецот, во чија земја алкохолот е забранет, бил културен човек на возраст од околу 40 години, кој зборувал повеќе странски јазици, вклучувајќи и француски на кој го нарачал виното.