Тоби Шелдон, 33-годишно момче од Велика Британија, платило 100 илјади долари за пластични операции за да изгледа како младиот пејач Џастин Бибер. Шелдон во период од пет години работел на затегнување на лицето, пресадување коса, па дури и направил операција на насмевката, како би личела на онаа на Џастин.
Тој рекол дека насмевката на Бибер е она нешто поради кое тој изгледа младо. Затоа на горната усна ставил силикон додека долната ја намалил. Овој текстописец го смета младиот пејач за своја најголема инспирација, и очигледно не ги жалел парите кои ги потрошил на овие операции.