Рускиот богаташ Василиј Клукин за време на хуманитарна акција на Амфар гала вечерата која се одржала оваа седмица во Кан, платил речиси 1,5 милиони долари како би бил меѓу првите 1000 лица кои туристички ќе одлетаат во вселената, а воедно ќе мине и три дека на обука во Мексико заедно со Леонардо ди Каприо пред да бидат одвезени од планетава.
Русинот откако победил на аукцијата се пошегувал дека сакал да биде важен, а сега сигурно ќе мора да се откаже од пушењето. Пред самата аукција било истакнато дека победникот освен летот во вселената ќе добие и влезници за премиерата и афтерпартито за новиот филм на Леонардо ди Каприо ‘Wolf on Wall Street’, сместување во хотелот Беверли Хилс, часовник од марката Шопард, покана за доделувањето на Оскарите и влезници за забавата на списанието Венити Фер и Елтон Џон.