Владата го прифати предлогот од Министерството за труд и социјална политика во однос на опфатот на мајките чиешто платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено или посвоено дете завршило по отпочнување на времените мерки, од 11.03.2020 година, а пред почнување на вонредната состојба на 17.03.2020 година.
Истите, со приложување на лична писмена изјава до работодавачите покрај добиена потврда од матичен гинеколог, со што отсуството од работа за оваа категорија лица ќе се смета за оправдано и ќе се смета дека и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот КОВИД-19.
На предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои Програмата за изменување на програмата за лекување на ретки болести, која оваа година ќе се финансира согласно одобрените средства со ребалансот на Буџетот во висина од 522.000.000,00 денари.
Влдата ја усвои и Програмата за изменување на програмата за организирање и унапредување на крводарителството во Република Северна Македонија, која оваа година е финансира со зголемени финансиски средства 15.000.000,00 денари, согласно ребалансот на Буџетот, со вкупна висина од 40.000.000,00 денари.
Усвоена и Програмата за изменување и дополнување на Националната годишна програма за јавно здравје за 2020 година, со повисоки финансиски средства во делот за вонредни и кризни состојби во висина од 22.000.000,00 денари, за исплата на спроведени активности од страна на 10-те Центри за јавно здравје и Институтот за јавно здравје на Република С.Македонија во период од почетокот на кризната состојба до 20.05.2020 година.
Програма за изменување и дополнување на Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2020 година, ќе се реализира согласно одобрените средства со ребалансот на Буџетот за оваа година, во висина од 65.000.000,00 денари од кои 55.000.000,00 денари се од Основниот буџет и 10.000.000,00 денар се од сопствени средства на Министерството за здравство.
OhridNews