Мексиканската полиција истражува неколку случаи во кои се забележани огласи на интернет каде поединци нудат дискреција и професионална услуга која чини 6000 евра.
Платените убијци се голем проблем во Мексико каде во изминатата година се забележани 1400 убиства меѓу кои има 400 убиени полицајци.
Повеќето од убиствата се резултат на мафијашки пресметки а некои извештаи покажуваат дека одредени мафијашки кругови во Мексико имаат кампови за обука на убијци.
Неефективниот казнен и правен систем во Мексико на големо придонесува за ваквата состојба бидејќи повеќето од убијците не се фаќаат.