На крајот од оваа сезона на шпанскиот чувар на мрежата Давид де Геа му истекува важечкиот договор со англискиотпремиерлигаш Манчестер Јунајтед. Двете страни активно преговараат за нов договор со кој голманот би останал уште четири сезони на Олд Трафорд.
Де Геа побарал зголемување на платата односно израмнување со примињата на Алексис Санчез. Чилеанецот кој во Манчестер Јунајтед се пресели од Арсенал минатиот зимскио преоден рок заработува 350 000 фунти недело и е најплатен фудбалер во англискиот фудбал.
„Црвените ѓаволи“ во 2011 година по барање на Сер Алекс Фергусон го ангажираа шпанскиот голман кој се вбројува помеѓу најдобрите во светот. Де Геа неколку години по ред е прогласуван за најкорисен фудбалер во Манчестер Јунајтед, а минатата сезона ја доби златната ракавица во Премиер лигата, откако ја сочува „чиста мрежата“ на најмногу мечеви.
Голем интерес за 28-годишниот голман во минатото покажа Реал Мадрид, а се шпекулира уште со интерес на Пари Сент Жермен и Јувентус.
OhridNews