И по 11 дена од стапувањето на сила на забраната за употреба на пластични ќесиња, никако да се фрлат од употреба.Во продавниците, маркетите и на пазарите се нудат ќеси и со носивост под 5 килограми.

Мал дел од трговците веќе имаат набавено книжни ќеси, на кои граѓаните едвај се привикнуваат.

„Од забраната ќе профитираат само трговците, зашто сега ги продаваат  ќесите кои досега ги нудеа бесплатно. За еден или два артикли мора да се купи ќеса.А ние се уште немаме навика да си земеме од дома“, ни изјави еден потрошувач во продавница.

„ Ако треба да се подигнува свеста за животната средина, ни рече една купувачка, тогаш зошто министерството за екологија не одлучи ќесите да се продаваат по 100 денари. И вака по еден или два денари секојдневно ни се олеснува буџетот, така барем ќе знаеме зошто не треба да ги користиме“.

Ставот на министерството за животна средина и просторно планирање е да се намали употребата на пластичните ќеси, а со тоа да се влијае и врз заштитата на животната средина, зашто пластиката е тешко разградлива.

Казната за трговците кои нема да ја почитуваат забраната за пластичните ќесиња е 6.000 евра.

Парите од продажбата на ќесињата не се оданочуваат зашто еколошка такса, согласно Законот за животна средина, се плаќа при нивното производство и увоз.

Ohridnews