На јужнокорејските клиники за пластична хирургија бил забележан таков тренд, да родителите на децата кои ќе положат приемен испит на факултет им подаруваат пластична операција. Поради тоа клиниките започнале да се тркаат во давањето попусти на новите академски граѓани. Најпопуларни се операциите на носот и очите со кои се добива западњачки изглед.


Во Јужна Кореја владее остра конкуренција за упис на факултетите. Овогодишното испитување покажало дека тамошните родители трошат скоро 20 милијарди долари на приватни часови и специјални училишта за припремање на децата за приемните испити за факултетите.