Доколку женската и машката ракометна селкција по натпреварите во групи се пласираат во вториот круг ќе поделат по 30.000 евра.
На ЕП 2008 во Скопје и Охрид женската репрезентација на Македонија е во група со Германија, Србија и Хрватска.
Mажите на СП 2009 во Хрватска ќе играат со селекциите на Тунис, Алжир, Полска, Германија и Русија.
Според пропозициите и кај жените и кај мажите првите три репрезентации одат во вториот круг.