Со враќањето на плашицата во каналот, љубителите на спортскиот риболов веднаш стапија во акција. Дел од нив имаа богат улов, а неколкумина остварија улов од максимално дозволените 4 килограми. Поради зголемениот сообраќај и нискиот водостој на водата, плашицата летово избега од каналот, а со нормализирањето на состојбата таа повторно се враќа во ова нејзино природно мрестилиште.


Богат улов

Фото: Васко Бујароски