Активностите за имплементацијата на проектот „Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид” во текот на изминатата седмица, биле презентирани на приемот во Регионалниот совет на Долна Нормандија во Каен, Франција.

Овој прием бил дел од одбележувањето на 10 годишнината од востановувањето на децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија- Франција и Република Македонија.

Освен планот за заштита на старото градско јадро, на приемот претставиците на општина Охрид го пренеле своето искуство во соработката со општина Каен, со која е потпишан Протокол за сораработка во 2009 година.

Во рамки на активностите за одбележувањето на соработката, биле презентирани и предизвиците на институционалната соработка, долгорочни размислувања и капитализирање на искуствата за локалните единици, децентрализираната соработка и економската отвореност.

OhridNews