Планот за уривање на старата градска библиотека е изготвен, дознава Ohridnews. Планот е доставен до Управата за заштита на културното наследство, вели директорот на установата, Паско Кузман. Тој очекува во текот на оваа недела  да бидат завршени сите формалности и да почнат подготовките за уривање на библиотеката. Најверојатно Владата на седницата во вторник ќе даде зелено светло за уривање на библиотеката.

На простороткаде сега се наоѓа библиотеката ќе биде изграден нов плоштад кој според најавите ќе биде готов до почетокот на главната туристичка сезона. Некогаш на овој простор се наоиѓала Долната порта низ која се влегувало во стариот Лихнид. Според планот новиот плоштад ќе биде поврзан со Горна порта со пешачка патека што ќе ја гради локалната самоуправа. Исто така овој простор ќе се користи и за разни културни манифестации, а ќе биде оплеменет со поставување неколку споменици за кој ќе биде распишан конкурс за идејни решенија.


стариот Охрид ќе добие нов плоштад

Зградата во која некогаш бече сместена градската библиотека е стара 8 децении. Поголемиот број невладини организации и здруженија кои беа сместени во старата зграда, како и библиотеката,  се дислоцирани, а деновиве треба да се преселат и здружениејата кои тоа не го сторија досега. Ќе биде дислоциран и хангарот на велсчкиот клуб Југ, кој исто така ќе биде урнат.Со тоа ќе се отвори поглед кон стариот дел на градот и болничките цркви.

Горан Момироски
фотографија: Пржин