Министерството за животна средина и просторно планирање поднесе Информација до Владата за состојбите и активностите поврзани со статусот на Унеско на Охрид и таа информација влезе во Владина процедура
 
Основната цел е  Министерствата за животна средина и просторно планирање и за култура да формираат тим за отпочнување постапка за подготовка на План за управување со Охридскиот регион како интегрално природно и културно наследство на светот.


Планот за управување со Охридскиот регион влезе во владина процедура

„Со овој чекор Министерството за животна средина и просторно планирање ќе треба да формира меѓуресорска стручна комисија за дефинирање на границите и  зоните на Охридскиот регион како дел од светското наследство под УНЕСКО и така дефинирани да ги достави до Комитетот за светско наследство во Париз.  Воедно Министерствата за животна средина и просторно планирање и за култура ќе треба да формираат работна група за отпочнување постапка за подготовка на Закон за Охридскиот регион како интегрално природно и културно наследство на светот“, ни изјаво Дејан Паноски, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сметам дека ова е исклучителен момент за Охрид ,за неговата иднина, зачувување  и валоризација на неговите  вистинските вредности и задоволен сум што работите ќе ги подмрднеме од пасивната позиција, додаде Паноски.

ohridnews