Кирил Лазаров е најновиот избор за селектор на македонската репрезентација од страна на Ракометната федерацијата на Македонија (РФМ). Лазаров е 21-от селектор во македонската селекција. Тој е 13-от домашен стратег, додека осум предводници Македонија имала од страна.
Лазаров одреден период ќе игра и ќе биде селектор. После завршување на играчката кариера Лазаров комплетно ќе се посвети на селекторската работа. Нашиот најдобар ракометар презентираше дел од плановите, а го пофали Дејан Кукуловски за игрите во дресот на Еурофарм Пелистер.
Во следниот период прилика ќе добие Кукуловски, кој добро се снајде на мечевите од Еурофарм Пелистер против Татабања во Европската лига. Тој, а и уште неколку ракометари ќе добијаат на поширокиот список, кои ќе бидат следени долг период. Во минатото ни недостигаше ист систем на игра од кадетската до сениорската селекција. Тоа ќе пробаме да го поправиме и кадетските и младинските репрезентативци да бидат готов производ во сениорскиот колектив. Сега ни следуваат квалификациски натпревари во кои нема што многу да менуванме, но ветувам дека на следното ЕП, Македонија ќе игра брз и модерен ракомет, со квалитетни ракометари во двата правци. – изјави Лазаров.
Неофицијално, во стручниот штаб на Лазаров ќе биде Андон Бошковски и некогаш стандардниот репрезентативец Ацо Јоноски.
OhridNews