Хероите од Европското првенство во ракомет, подготовките за олимписките квалификикации ќе ги започнат на 28 март, селекторот Звонко Шундовски го одреди овој датум, како најповолен за сите. Металург и Вардар во март имаат згуснат распоред, затоа селекторот мораше да бара соодветна солуција.
Шундовски има во план да се одигра една или две пријателски средби, како што беше пред ЕП во Србија, каде одигравме само една онаа со Србија. Со овој распоред за подготовки, отпаѓа можноста да се отпатува на турнир во Шпанија, како што беше најувувано.
На македонската репрезентација во олимипските квалификации противници му се Унгарија, Бразил и домаќинот Шведска.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com