Составот на Астон Вила е првиот патник во 1/2 финалет од англискиот Лига куп. Астон Вила во четвртфиналната пресметка го совлада Ливерпул со 5-0 и го чекираше билетот за полуфиналето.
Астон Вила максимално ја искористи ситуацијата на Ливерпул кој се најде во небрано. „Црвените“ се дел од Светското клупско првенство и на дуел со Астон Вила ги пушти младинците кои не оддолеаја на притисокот на „Вила Парк“.
Полуфиналистите ќе бидат комплетирани после натпреварите Оксфорд – Манчестер Сити, Евертон – Лестер односно Манчестер Јунајтед – Колчестер.
OhridNews