Еден канадски палеонтолог, кој со години ги истражува фосилите на праисториските животни, планира од пиле да направи жив диносаурус. Ханс Ларсон од Монтреал планира со генетски интервенции во ембрионите на пилињата да развива карактеристики на диносауруси кои изумреле пред повеќе милиони години.
Неговото истражување е на самиот почеток, но еден ден може да доведе до појавување на живи предисториски влекачи. Сепак канадскиот научник вели дека тоа не му е амбиција од етички и практични причини. Додава дека негова цел е да ја покаже еволуцијата на праисториските животни.