Спортско – рекреативниот планински велосипедски маратон Шарски води, кој претставува етапа од Проектот Планинска велосипедска трка низ Македонија Сончев Круг, потврди дека е најголемата спортско рекреативна манифестација во велосипедизмот во Македонија. На падините на Шар планина, се собраа над 300 велосипедисти во планински велосипедизам од целата држава.
Планинскиот велосипедски маратон Шарски Води 2009, стартуваше од кај Планинарскиот дом Смреки, а целта беше кај детското одмаралиште Бунец, кај Мавровско езеро. Вкупната должина од 92 км., во машка конкуренција прв ја мина Горан Стефановски, а зад него беа Александар Сиљановски и Димитри Димитров, а во женска конкуренција прва беше Челана Димитриевиќ, втора на целта пристигна Елизабета Пољоска, а трета Биљана Митроска. Маратонот помина во најдобар ред со мали технички проблеми на велосипедистите, кои беа разрешувани на самата патека и сите пристигнаа на целта.
Организаторот од иницијативниот одбор на Сончев Круг, најавува дека следната година на патеката Шарски Води ќе возат и учесници од странство, а исто така најавуваат и дека на 28 јуни годинава, на Галичица ќе се вози вториот планински рекреативен велосипедски маратон Галичица 2009.
Во рамки на петтото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид во четврток гостуваат кај екипата на Тиквеш Тиквеш е добра екипа, особено кога играат дома Ќе биде тежок натпревар, се на...
На 19042025 во 18 часот во ОВР Струга лишени од слобода биле 28-годишен жител на Tетово, 25-годишен турски државјани со привремен престој во Скопје, 25-годишен државјанин на Сенегал со привремен пр...
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.