Младински Совет Охрид, во рамки на програмата за развој на рекреативниот спорт го организираше третиот планинарски излет. Повеќе од 60 учесници, претежно ученици во основните училишта, но и љубители на планинарењето, се упатија од градскиот плоштад, преку маркираната планинарска патека до селото Рамне. Попатно беа направени две паузи кои беа искористени за едукативни предавања за организирање на планинарска тура, исхрана во планина и планинарска опрема.
Планинарскиот излет се организираше по повод меѓународниот ден за чисти планини, кој инаку се одбележува на 26 септември.  Хотелот Миленниум Палас и Лозар Пелистерка за сите учесници обезбедија ланч пакети и освежување.


Пеш до Рамне


освежување


одмор во природа


одмараа и организаторите на маршот


фотографија за спомен


незаборавна глетка

Ohridnews