Со традиционалниот марш во Галичица Два Јавори-Охрид во должина од 22
километри, на кој учествуваа ученици од средното економско училиште и Гимназијата, во саботата официјално беше отворена планинарската куќа Асан Џура.


Планинарската куќа е сместена во централниот дел на Националниот парк Галичица на надморска височина од 1470  метри во локалитетот Асан Џура.  До неа се стигнува од две страни и тоа од Охридска страна преку селото Велестово по планински пат со должина од   18,6   км   од кои 4,1 км по асфалтен пат и 14,5 по земјен пат. 


Од Преспанска страна се стигнува по пат со вкупна должина од 9,1 од кои 3,7 се асфалтен пат и 5,4 км се земјен пат. Оваа планинарска куќа на посетителите им овозможува да да се оттргнат од градското секојдневие и да уживаат во беспрекорната природа  што ја поседува Националниот парк. 


Планинарската куќа располага со 20 кревети во 4 комлетно опремени соби, кујна соба за дневен престој, мини ресторан за 20 особи и летна тераса. Оваа куќа во иднина ќе се користи за потребите на вработените во паркот, за научните работници кои што вршат истражувања за потребите на поркот но исто така таа ќе биде ставена и во комерцијални цели, а тоа значи зголемување на туристичката понуда. 


Во близина на куќата се наоѓа пештерата Саматска дупка, Симонческа локва врвот Томорос и уште многу други вредности кои трајно ќе останат врежани во сеќавањата на посетителите. 

OhridNews