Туристичката заедница во кинеското село Гулу тврди дека карпите на планината Ганденг полoжиле повеќе од 100 јајца. Наводно јајцата, со големина на автомобилски гуми, се појавуваат на секои две години.


Директорот на локалното туристичко биро рекол дека наскоро очекуваат планината да положи уште едно јајце. Додал уште и дека пострпливите туристи ќе можат да присуствуваат на овој несекојдневен настан. Локалните жители тврдат дека на исто место се појавува јајце на секои 30 години.