Големи горештини ќе ја погодат Европа, суши Африка, а разорни бури островите, екстремните непогоди ќе бидат зачестени заради климатското затоплување, се вели во извештајот на експертите на Обединетите нации(ОН), што ќе биде објавен оваа недела, јавува Франс прес, пренесуца агенцијата „Макфакс“.

Тој документ на Групата меѓувладини експерти за климатските промени, во која се 194 земји од светот ги претставува резултатите од досега најголемото истражување. Од 28 ноември до 9 декември во Дурбан, Јужна Африка ќе се одвива годишната конференција за климата.

Експертите предвидуваат дека заради глобалното затоплување светот ќе го погодат циклони, горештини, олујни дождови и суши.

Нацрт извештајот ќе се разгледува на состанок на Меѓувладината група кој почнува во понеделник во Кампала, главниот град на Уганда, а конечната верзија ќе биде претставена во петок.

Се стравува дека во некои предели на светот населбите би можеле да исчезнат.

OhridNews
извор: „Макфакс“