Научниците дознале дека на врвот на пламенот од свеќата всушност се наоѓаат милиони минијатурни дијаманти. Секоја секунда се ствараат околу 1,5 милиони дијаманти. Сепак, доколку веќе почнавте да размислувате дека ќе се збогатите на брзина и без мака, не се надевајте на тоа. Дијамантите се толку мали што 300 илјади од нив би можеле да застанат на врв од игла. Потоа ги снемува додека да трепнете.
Сепак, доколку научниците успеат да пронајдат некаква напредна технологија со чија помош би можеле да се задржат дијамантите од пламенот на свеќата, се претпоставува дека нивната вредност на пазарот драстично би опаднала. Идејата да се анализира пламенот од свеќата ја добил професорот Вузонг Зу од универзитетот Сент Ендрјуз на кој предавал хемија. Тој направил филтер кој му овозможил успешно да ги разложи честичките од центарот на пламенот, каде температурата достигнува до `1400 степени целзиусови, а потоа истите и да ги анализира. Се изненадил кога открил дека јаглеродот од восокот ги формирал сите четири видови чист јаглерод, вклучувајќи и дијаманти и графит.