Пред натпреварот со Шпанија, кој почнува вечерва во 21.30 часот, Фудбалската федерација на Македонија на премиерот Никола Груевски ќе му врачи благодарница за придонесот на македонската влада за изградбата на новата северна трибина на арената Филип Втори.

Исто така, по повод простувањето од националниот дрес, ФФМ ќе му даде благодарница на Артим Шаќири, кој за црвено-жолтите одигра 72 меча и постигна 15 голови.

ohridnews