Мобилните телефони од следната година ќе почнат да се користат за трансакции при плаќање.
Моментално програмот во кој СИМ картичката се пренаменува во кредитна картичка е во фаза на пилот проект и се тестира во Стразбур, Кан и Рен во Франција.
Во проектот учествуваат шест најголеми француски банки меѓу кои Социете Генерал, БНП Париба, Цредит Агрицоле и најголемите мобилни оператори.
Мобилните за сега, во фазата на тестирање се користат за плаќање на прехрамбени артикли во неколку ланци на продавници,книжари и библиотеки, како и за купување карти за воз.
Технологијата на плаќање е многу едноставна , мобилните преку бежична врска се поврзуваат со ПОС програмите во продавниците, после што купувачот само треба да го испише својот таен ПИН и да ја потврди трансакцијата.
Јасминка Т. Момироска