Полскиот град Гдањск пронашол нов начин да ги наплати комуналните услуги од своите неплаќачи, нудејќи им да го одработат долгот со чистење на снегот од тротоарите. Покрај чистењето на снегот, градското комунално претпријатие нуди и некои други јавни работи преку кои ќе може да се одработи долгот.
Должниците моментално најмногу се нафаќаат да го чистат снегот, со што отплатуваат по 2,5 евра за еден час. Гдањск мислел на нив и за кога ќе помине зимата. На есен ќе можат да ги чистат улиците од паднатите лисја, а преку целата година ќе можат да вршат ѕидарски работи за потребите на градот по иста цена од 2,5 евра за еден час.