Ј.П.”Охридски Комуналец” донесе одлука на сите правни и физички лица кои имаат неизмирени парични обврски спрема Ј.П.”Охридски Комуналец”,  во периодот од 28.09.2009 год. до 31.10.2009 година да им овозможи истите да ги измират во целост или на три еднакви рати. Доколку во наведениот период тие го исплатат само главниот долг,  ќе бидат ослободени од обврската да ја платат законската затезна камата.

После 31.10.2009 год. јавното претпријатие нема да врши ослободување од законската затезна камата на сите оние кои имаат долг кон јавното претпријатие. Физичките и правните лица кон кои е поведена судска постапка покрај главниот долг се обврзани да ги исплатат и судските трошоци, посочуваат од јавното комунално претпријатие.

Ohridnews