Прочуениот француски моден креатор Пјер Карден одлучил да го продаде својот бизнис за милијарда евра, но има намера да продолжи да работи во компанијата како креативен директор. Тој за овој чекор се одлучил бидејќи нема наследник и не е познато кој би бил нејзиниот нов сопственик, бидејќи Пјер веќе навршил 88 години. Славниот дизајнер изјавил дека веќе остварил средби со инвеститори од САД, Англија и Кина.


Вредноста на модната куќа банкарите ја проценуваат на 200 милиони евра. И самиот Карден признал дека не му е позната точната вредност на неговиот бизнис. Производите под брендот „Пјер Карден“ се изработуваат во 140 земји во светот, на основа на повеќе од 800 лиценци и дозволи.