Во текот на изминатите години филмската публика се навикна на фактот дека студиото Pixar издава барем еден голем хит во годината. Ова е една од главните причини поради кои од Pixar донесоа одлука 2014 да биде првата година во која нема да прикажат ниту еден филм.


Како што изјавуваат од Pixar ваквата одлука се должи на фактот што очекувањата за нивните филмови од година за година стануваат се потешки за задоволување па така тие нема да прикажат ниту еден филм додека не се осигураат дека тој ќе биде на ниво на нивните стандарди.

Медиумот “LA Times” пишува дека филмот “The Good Dinosaur” кој својата премиера требаше да ја доживее на 30ти мај 2014 е одложен за ноември 2015 година, со што сите други планирани филмови се одложени за исто толку време.