Српскиот интернационалец Игор Чагаљ е најновото засилување на Ракометнит клуб Охрид во летниот преоден рок.

26-годишниот Чагаљ со својата корпулетност (2 метри висок и 98 килограми тежок) ќе биде корисен за екипата во двата правци, одбрана и напад. Во редовите на Охрид доаѓа од  тимот на Металопластика со кој играше регионалната СЕХА лига.

Со доведувањето на Чагаљ, Охрид го комплетираше ростерот кој се однесува на пивотменската позиција. Тука со голем стаж е Иван Тасески и ракометарот од младинскиот погон, Кристијан Димитриески.

За потсетување, Охрид се откажа од играњето во Европа и комплетно фокусот ќе го насочи кон подобар резултат и пласман во македонската Супер лига.

OhridNews