Компанијата за производство на пиво „Бадвајзер“, пронајде интересен начин да го одбележи голгетерскиот рекорд на Лионел Меси. Аргентинецот во дресот на Барселона стигна до 644 погодоци, со што го надмина рекордот на Бразилецот Пеле кој во тимот на Сантош постигна 643 голови.

Од „Бадвајзер“ на секој голман кој примил барем по еден погодок од Меси во дуелите со Барселона му испратиле пиво на домашна адреса. Количината на пива е во зависност од скорот на Меси со голманот. Бројот на голмани кои примиле барем еден гол изнесува 160.

Најмногу, вкупно 21 пиво добил Диего Алвес кој од 2011 до 2017 бранел за Валенсија. Потоа следуваат Горка Ирасис со 18, Андрес Фернандес и Икер Касиљас со 17 заработени пива, после примените голови. Еден од голманите кои примил погодок и му честиташе за јубилејот и начинот на прославата е Џиџи Буфон.

Фала за пивата! Ќе го сфатам ова како комплимент. Имавме добри пресметки низ текот на годините. Честити за рекордот и за неверојатното достигнување! – напиша Буфон на социјалните мрежи.

Покрај компанијата за производство на пиво „Бадвајзер“, рекордот и достигнување на Меси го одбележа и компанијата за спортска опрема Адидас, која дизајнираше специјални копачки за Аргентинецот.

 

OhridNews