Познатиот британски бренд Стилтон од неодамна може да се конзумира во ново пиво кое е произведено од Белвоар. Пивото е кремасто, а сирењето потполно се вклопило со вкусот на пивото. Британската пивара го направила овој единствен напиток на светот така што сирутката на Стилтон ја помешала со пивото за време на неговата ферментација и го добила кремастото пиво.
Претставник на поризводителот на сирењето Стилтон објаснил дека луѓето воглавно мислат дека ова сирење се јаде само за Божик. Истото се користело во многу јадења и одлучиле да го додадат во пивото кое е дел од сите прослави. Шише од ова пиво чини 2,5 евра. Стилтон сирењето во Велика Британија е вистинска туристичка атракција. Британците обично за Божик го подаруваат едни на други. Се прозиведува во две верзии и тоа како сино и бело сирење.