Пиењето на три шишиња од пивото “Royal Virility Performance” има ист ефект како земање една таблета вијагра, соопштиле претставниците на пиварата “BrewDog”. Ова светло пиво кое содржи 7,5 проценти алкохол, во себе има африодизијаци како што се чоколадото и билката Епимедиум. Пиварата му испратила неколку шишиња од пивото на принцот Вилијам како свадбен подарок.


Засега е планирано производство на 1000 шишиња, а можно е да се купат само преку интернет страницата на пиварата, а едно шише чини 10 фунти. Една петтина од приходите на ова пиво ќе оди за фондот “Centrepoint”, кој е наменет за помош на бездомниците, а чиј главен покровител е токму принцот Вилијам.