Исландската пивара „Бругус Стеда“ денес се најде на удар на заштитниците на животната средина, бидејќи објавила планови да продава пиво кое содржи китово брашно, тврдејќи дека станува збор за „здрава алтернатива со ниска масленост“ на традиционалното пиво. Организацијата за Заштита на китовите и делфините оценила дека станува збор за потег со „многу лош вкус“.

Се тврди дека пиварата користи китово брашно кое потекнува од загрозени врсти китови перајари. Пивото ќе се продава на Исланд за време на едномесечниот фестивал просветен на богот Тор. Продажбата на пивото би требало да почне на 24 јануари. и покрај меѓународните протести, Исланд дозволува лов на китови, и покрај мораториумот уведен 1986 година.