Пивница во еден белгиски град на љубителите на пиво им нуди дури 2.500 начини за да се напијат. Уште во 2004 година влегле во Гинисовата книга на рекорди со најмногу видови пиво (тогаш имале 2004), а од тогаш во понудата додавале нови видови и дошле до бројка од 2500 различни видови пиво.


Менито има дури 200 страни. Поголемиот  број муштерии не стигнуваат да го прегледаат менито дури ни до половина. Секоја недела од пивницата исчезнува најмалку едно мени кое на туристите им е поинтересно од многу популарни книги.


Освен пивото од Белгија, увезуваат дури од 75 земји од светот, од кои некои се како Русија и Шри Ланка помалку нетипични за производство на пиво. Келнерите во пивницата морале да поминат посебен петнеделен курс за да научат да се снаоѓаат во царството на пивата.